Локалитетот Св. Петнаесет тивериополски маченици се наоѓа во јужниот дел на градот Струмица. Овој простор во доцната антика бил надвор од урбаното јадро и опстојувал како некропола каде се погребувале христијаните. Од оваа место почнал да се шири култот кон Св. Петнаесет тивериополски маченици кој се одржал во текот на средниот век па сè до денес.
Основни и најзначајни податоци за делата на Св Петнаесет тивериополски маченици добиваме од Житието на охрисдкиот архиепископ Теофилакт Охридски. Мачениците бегајќи поради прогоните на христијаните за време на владеењето на царот Јулијан Апостата (361-365), стигнале од Никеја во Солун, а оттаму во Тивериопол – Струмица. По откривањето биле мачени се до упокојувањето во Тивериопол, каде што биле погребани во христијанската некропола.
Со археолошките истражувања на локалитетот Св. Петнаесет тивериополски маченици, кои со делумни прекини траеле од 1972 до 2008 година, е откриен комплекс од црковни градби, како и 23 засводени гробници. Во наосот на една од црквите е сместена Централната гробница со портретна претстава на Св. Петнаесет тивериополски маченици. Според своите карактеристики, ова ѕидно сликарство спаѓа во редот на најстарите фрескоживописи откриени во подрачјето на Македонија. Централната гробница и другите 22 засводени гробници се изградени врз постар храм, односно, ранохристијанска базилика, чиј под бил декориран со полихромен мозаик. Појавата на крстот меѓу мотивите на мозаикот е доказ дека станува збор за христијански објект.
Подоцна над базиликата е изградена крстовидна црква во IX ‒ X век. Комплексот градби градени од III ‒ VI, IX ‒ XIV век укажува на фактот дека оваа локација долго време била во функција. Според истражувањата на архитектонските објекти досега на локалитетот, покрај базилика, откриени се и три ремоделирани средновековни цркви од кои една од нив е петокуполна со полигонална апсида со стилски градежни влијанија од цариградската средновековна сакрална архитектура.
Фреска на Св.Петнаесет тивериополски маченици во централната гробница / Fresco of the Holy 15 Martyrs of Tiveriopolis in the central tomb
Сл.2. Ранохристијански засведени гробници од локалитетот Св.15 тивериополски маченици, Струмица, V – VI век / Early Christian vaulted tombs from the site of the Holy 15 Martys of Tiberiopolitan Martyrs, Strumica, V – VI century
Сл.3. Основа на средновековната црква на локалитетот Св. Петнаесет тивериополски маченици, Струмица / Тhe basis of the medieval church at the site of the Holy 15 Martyrs of Tiveriopolis, Strumica.
Сл.4. Мозаик од ранохристијанската базилика (IV век) / Mosaic from the Early Christian basilica IV century
Сл.5. Коринтски капител (IV – V век) / Corinthian capital (IV- V century).
Сл.6. Средновековни крстови приврзоци (IX – X век) / Medieval crosses – pendants (IX – X century)
Сл.7. Доцно средновековен накит (XVII – XVIII век) / late medieval jewelry (XVII – XVIII century)