Discovery

Hidden Gems

Uncover a variety of stunning locations, each offering unique experiences and breathtaking scenery waiting to be explored!


Струмички

„ Следното утро по цел ден одење стигнавме во едно гратче, над облаците што се вели, Струмица, така некако наречено од месното население, сместено над една откината и ѓаволски висока планина, така што тие што седеа на тврдината, гледани од долината, прилегаа на птици…“             Со овие зборови, во почетокот на XIV век, византискиот патеписец […]

Струмички

Турската кула денес се наоѓа во урбаниот дел на Струмица во непосредна близина на црковниот комплекс „Св.Петнаесет тивериополски маченици“, во отоманскиот период таа била дел од предградието односно јужната периферија на градот. Најверојатно, во отоманскиот период постоеле повеќе такви кули, кои формирале поредуциран дефанзивен систем на цивилниот простор на Струмица. Турката кула во свое време […]

Струмички

Комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во селото Водоча, одалечено на 4 км источно од Струмица. На локалитетот, се откриени три цркви (источна, западна и средна) со три фази на живописување на ентериерите; трпезарија; стопански објекти; две бањи и повеќеслојна христијанска некропола со континуитет на погребување од XIV до XXвек. Првите археолошки ископувања на овој […]

Струмички

МАНАСТИРСКА ЦРКВА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА МИЛОСТИВА (ЕЛЕУСА) На оддалеченост од 7 км западно од Струмица, во селото Велјуса, се наоѓа средновековната црква од византискиот период Пресвета Богородица Милостива (Елеуса), посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица. Зачуваните записи на двата архитрава, кажуваат дека црквата ја подигнал монахот, а подоцна и струмички епископ Мануил во 1080 година. […]

Струмички

Локалитетот Св.40 Севастиски маченици се наоѓа на околу 0,5 км северно од селото  Банско, односно 10 км југоисточно од градот Струмица. Во близина на овој локалитет се наоѓа римското термално лекувалиште, како и доцноантичкото-средновековно утврдување ,,Китка“ / ,,Мал Кајаси“ (Термица). Првите археолошки истражувања на локалитетот Св.40 се одвивале во далечните 1984 – 1986 година, со […]

Струмички

Црквата во подножјето на Цареви Кули била дел од урбаното јадро на средновековна Струмица, изградена покрај една од кумуникациите кои воделе до утврдениот дел.   Станува збор за еднокорабна црква со димензии: должина 10,20 метри  и ширина 5,90 метри, доста квалитетно изградена со добар градежен материјал (тула, камен и варов малтер). Техниката на ѕидање на одредени […]

Струмички

Локалитетот Св. Петнаесет тивериополски маченици се наоѓа во јужниот дел на градот Струмица. Овој простор во доцната антика бил надвор од урбаното јадро и опстојувал како некропола каде се погребувале христијаните. Од оваа место почнал да се шири култот кон Св. Петнаесет тивериополски маченици кој се одржал во текот на средниот век па сè до […]

Струмички

Орта џамија се наоѓа во старото урбано јадро на градот Струмица, во самото подножје на тврдината Цареви Кули. Џамијата е изградена во 1613 ‒ 1614 година во времето на султанот Ахмед I (1603 ‒ 1617), според записот сместен над вратата на западниот влез на објектот. Поради конзерваторски потреби, во 1984 година се извршени сондажни ископувања […]