СВ.ЧЕТИРИЕСЕТ СЕВАСТИСКИ МАЧЕНИЦИ

Локалитетот Св.40 Севастиски маченици се наоѓа на околу 0,5 км северно од селото  Банско, односно 10 км југоисточно од градот Струмица. Во близина на овој локалитет се наоѓа римското термално лекувалиште, како и доцноантичкото-средновековно утврдување ,,Китка“ / ,,Мал Кајаси“ (Термица).

Првите археолошки истражувања на локалитетот Св.40 се одвивале во далечните 1984 – 1986 година, со што откриен целосниот габарит на црквата, истата има основа на слободен крст, поседува ѓаконикон и проскомидија. На запад наосот продолжува со влез, додека на исток се наоѓаат остатоци од синтронос што упатува на заклучок дека црквата била епископско седиште. Таа поседувала бел мермерен иконостас, од кој се пронајдени и зачувани одредени декоративни и конструктивни елементи. Според архитектонската изведба и живописот, црквата потекнува од XII-XIII век. Најверојатно поради близината на термалните извори, струмичките епископи во средниот век овде ја подигнуваат црквата Св. 40 Севастиски маченици

Покрај тоа што е откриена средновековна црква со целосниот нејзин габарит, истражуван е и просторот надвор од неа, поточно до нејзиниот северен ѕид, каде се откриени неколку погребувања. Тоа недвосмислено потврдува дека околу црквата се протега некропола, која според откриените наоди упатува на XII-XIII век.

Основа на средновековната црква  Св. 40 Севастиски маченици, с.Банско Тhe basis of of medieval church Holy 40 Martyrs od Sebastea, v.Bansko.