Црквата во подножјето на Цареви Кули била дел од урбаното јадро на средновековна Струмица, изградена покрај една од кумуникациите кои воделе до утврдениот дел. Станува збор за еднокорабна црква со димензии: должина 10,20 метри и ширина 5,90 метри, доста квалитетно изградена со добар градежен материјал (тула, камен и варов малтер). Техниката на ѕидање на одредени партии од надворешната фасада потсетуваат на cloisonné, особено во делот на тристраната апсида.
Црквата имала три влеза, главниот на западната и два споредни на јужната и северната страна, и според потребите, во оддредени временски периоди тие биле затворани (заѕидувани). Фасадите на црквата се артикулирани со систем на слепи ниши. Црквата била фрескоживописана, потврда за тоа се и скромните остатоци на откриениот фрескоживопис во in situ положба, на западната влезна партија на самиот довратник од двете страни со претстави на стилизирани флорални мотиви. Според архитектурата, како и скромното сликарсктво, црквата најрано може да биде датирана крај на XII век и почеток на XIII век.
Со истражувањата на црквата, документирани се неколку фази на доградување и санирање. Најпрвин функционирала како мала еднокорабна црква, за да во еден подоцен период од нејзиното опстојување била претворена во капела. Во оваа фаза бил затворен главниот западен влез, поради изградба на ѕидана гробница во нејзината внатрешност.
Значаен сегмен во истражувањето на оваа средновековна капела, се откриените три надгробни плочи внатре во црквата, употребани секундарно. Плочите се обработени само од едната страна, а на една од нив има три реден натпис со старословенско кирилско писмо, станува збор за надгробна плоча со димензии 0,66 / 0,46 метри. Овој епиграфски споменик според особеностите на натписот го датираме во првата половина на XIII век
Сл.1.
Сл.2. Средновековна црква со фази на изградба – План I / Medieval church with phases of construction – Plan I
Сл.3. Средновековна црква со фази на изградба – План II / Medieval church with phases of construction – Plan II
Сл.4. Гробница во средновековната црква – Фази на истражување / The ossuary in the medieval church – Phases of research
Сл.5. Остатоци од фрескоиживопис на западниот влез / Remnants of the frescoes in the western entrance
Сл.6. Три обработени камени плочи во црквата – in situ / Three processed stone slabs in the church – in situ
Сл.7. Надгробна плоча со старословенско кирилско писмо (прва половина на XIII век) / Tombstone epitaph with old slavic cyrilic inscription (The first half of the 13 century)
“Во месец мај, 21 ден почина
слугата божји Иван, вечна
му памет“ >
“In the month of May, (on the) 21 st day, died
the servant of God, Ivan, may his memory
live forever”.